Украинскиот напад врз руската црноморска флота на Крим „е извршен на барање на американските и британските разузнавачки служби“ и во координација со нив, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

– Нема сомнеж дека нападот бил планиран со користење на западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО и извидувачки авиони, рече Захарова.

Таа додаде дека нападот во петокот бил извршен „на барање на американските и британските разузнавачки служби и во тесна координација со нив“.