Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Украина повеќе не постои во своите поранешни граници, додавајќи дека тоа е „очигледно“.

– Украина, која сите ја знаевме во границите што постоеја претходно, повеќе ја нема. И нема да биде. Тоа е очигледно, рече Захарова во интервју за Sky News Arabia, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург.