Пет училишта во Скопје денеска преку мејл адреси добиле закани дека во нивните објекти е поставена бомба.

Дојавите, како што потврдија за МИА од МВР, се доставени до СВР-Скопје и веднаш до добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.

По добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Според извори на МИА едно од училиштата е СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, а неофицијално станува збор и за гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.