Непознат вооружен маж киднапирал патнички автобус и држи како заложници 37 луѓе, заканувајќи се дека ќе го запали возилото на средина на мостот, кој го поврзува Рио де Женеиро со Нитерој.

Полицијата го блокира реонот, а сообраќајот кон и од мостот е прекинат.

Властите соопштија дека маскираниот напаѓач веројатно е припадник на воената полиција. Тој се качил во автобусот, вперил оружје кон возачот и му наредил да вози кон мостот.

Досега се ослободени четворица од заложниците. Се водат преговори со напаѓачот, чии мотиви за инцидентот не се познати, наведува полицијата.