Во петокот на прес-коференција директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски пред новинарите рече дека за лицата кои се отсутни, односно живеат во странство, податоци може да даде најинформираното лице за него, но дека не може да даде податоци за кои се бара лично изјаснување, а тоа се етничката и верска припадност и јазикот.

Денеска, во изјава за ТВ21, заменик директорот на Државниот завод за статистика Илми Селами вели дека не би можел да каже што мислел директорот Симовски кога ја дал таа својата изјава, но нагласува дека не е така.

„Тоа е грешка. Такво нешто не е предвидено ниту со законот ниту со методологијата. Законската одредба е општа и во неа се вели дека податоци за отсутното лице ќе даде лице кое ги знае податоците, од матичниот број, па сѐ друго што е потребно за попишувањето“, рече Селами.

Инаку, во „општата“ одредба се вели дека податоците за отсутното лице ги дава повозрасно лице кому податоците му се најпознати.

Прес-конференцијата во петокот заедно ја одржаа директорот  и заменик директорот Симовски и Селами.