Првата фаза од авионска дезинсекција против ларви и комарци ќе се изврши во понеделник на подрачјето на градот Скопје, во раните утрински часови.

Како што соопштија денеска од Град Скопје, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Градските власти апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Во изминативе години остана анегдотата на градоначалникот Петре Шилегов, кој на поплаките од скопјани дека нема аеродезинсекција тврдеше дека авионите со кои се запрашува биле потивки и понечујни, за разлика од тие со кои се вршеше дезинсекција во времето „на режимот“ кога авионите бучно надлетуваа на Скопје.