Спасувачите во Индија продолжија да ги расчистуваат урнатините на тунелот под кој се заробени 41 работник, а се очекува тие да бидат ослободени денеска, со оглед на тоа дека треба да се расчистат само уште неколку метри за да се дојде до нив, соопштија властите.

Работниците се заробени веќе 11 дена во индиската држава Утараханд кога се урна тунел во изградба. Потоа беше направен отвор преку кој им се доставуваше храна, вода и лекови.

Властите засега не дадоа информации за тоа што го предизвикало уривањето на тунелот, но станува збор за подрачје подложно на лизгање на земјиштето, земјотреси и поплави. Спасувачката акција беше забавена поради планинскиот терен.

фото: архива