Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот Твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Македонија за справување со коронавирусот.
– Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи С. Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар.
Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за почнување пристапни преговори со земјава.
– Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на С. Макеоднија и решија да започнат преговорите за пристапување. Започна нашето заедничко патување. #idninazaedno #napredzaedno #EUsoTebe #EUwithU, порачува евроамбасадорот Жбогар.