Игор Здравковски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет истакна дека СДС и Венко Филипче постојано шират паника за кризи и нестабилност додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНE обезбедува средства за инвестиции проекти и враќање на долговите од корона кризата.
„Венко цело време ширеше страв не знам де ваква криза, таква криза, не знам па ќе имало нестабилност, должнишко ропство ли како викаше и така натаму. Меѓутоа кога ќе ги споредиме бројките и фактите гледаме дека се соочуваме со нешто друго. Имавме задолжување во периодот кога беа СДС на власт од над 4,5 милијарди. Меѓутоа бруто домашниот производ за жал не растеше со повеќе од 1%. Сега имаме можеби по динамика тука нека некаде задолжување, можеби и малку повеќе со тоашто тогаш се задолжувавте за ништо, а ние сега се задолжуваме за инвестиции од една страна а од друга страна да ви ги исплаќаме тие комбилизоните у короната што ги купуевте по 2,000 денари, каљачи од 700 денари, црева за инфузија од 1700 денари и така натаму. Е сеа ние такви долгови враќаме и дополнително гледаме дека мораме да го развиваме стопанството“ кажа Здравковски и додаде:
„Траекторијата по којашто се движи Република Македонија е многу спротивна од она по којашто движеше Република Македонија во изминатиот период додека беа СДС на власт. 3 ,5 спрема 1 имаме зголемување на бруто домашниот производ. Имаме седум квартали по ред со повеќе од 3% раст. Имаме дефицит којшто сега би бил околу 4% и инфлација којашто за жал е околу 4,5% и навистина отстапува од она што било што било предвидено. Каква беше претходно ситуацијата? Сме сите сведоци кога 2022 имаше 14% инфлација, 22% беше на храната, 23та имаше 9,5% инфлација и така натаму. Кога ги финансиравме овие Васко Ковачевски, па адитиви па не знам какви се не афери е тогаш се беше океј ама сега не е океј затоа што не сте вие на власт“ рече Здравковски.
Здравковски истакна дека бројките и фактите се јасни и покажуваат дека за разлика од минатото и владеењето на СДС сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира и вложува во подобар животен стандард на граѓаните.
„Реалноста е следнава даноците се зголемени во јуни конкретно со бројка оваа година 13,26 милијарди денари се собрани. Во 25та се обрани 9,37 милијарди, односно 3,89 милијарди или 41,6% повеќе. Социјалните придонеси 10,29 25та 11 526 или 12% зголемување 1,23 ќе ви кажам зошто ова го кажувам. Даноците јануари јуни 25та вкупно 64,93 милијарди јануари- јуни 26та 74,61 милијарда или 9,68 милијарди повеќе односно 14,9% социјалните придонеси исто така зголемување со 7,6%. Ова го кажувам затоа што ова е слика на потрошувачката и на приходите на граѓаните. Вие цело време велите имаме сиромаштија, граѓаните не можат ништо да си дозволат. Граѓаните не знам ги понижувате, ги омаложувате. Дај Боже ова да е дупло повеќе. Не е повеќе дупло, меѓутоа е многу повеќе од она што беше претходно“, заклучи Здравковски.




