Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите.

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5%, за Влен 4,4%, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто.

Ако се издвојат рејтинзите на партиите кај определените испитаници (497 од 1.200), соодносот на предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е речиси еднаков. Рејтингот на Влен брзо се приближува до популарноста на ДУИ меѓу гласачите Албанци во Македонија.

Соодносот е следен ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ=3,5:1

МКД.МК

Убедлива е предноста и кај лидерите на политичките партии во последниве години.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на останатите е со 23,3 % доберба, додека Венко Филипче ужува во доверба од само 5,1%.

Соодносот Мицкоски-Филипче скоро е еднаков на 5:1

Максим Димитриевски е со  2,5% доверба како лидер на политичка партија, Изет Меџити е со 4,1 %, Билал Касами со 2,5%, како претседатели на Влен, додека Али Ахмети, лидерот на ДУИ е со 5,5%.

МКД:МК

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.