Поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсем Зеколи остро реагира на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во интервјуто за ТВ 21 обвини за „напади и нацизам“ спрема неговата партија и кон него.

– Воен профитер! Обвинува за нацизам кога му ги напаѓаат партијата и бизнисите, одговори Зеколи преку Фејсбук.

Османи синоќа во интервјуто за ТВ 21 изнесе став дека кон него и кон ДУИ „водат `нацистичка` војна оние на кои им пречи моќта на Албанците во власта“.

– Тоа е повеќе од дива кампања против ДУИ. Тоа е повеќе од дива кампања против мене лично, бидејќи пристапот е многу нихилистички, дури и нацистички, оти ДУИ во голема мера го презеде албанското прашање, а сега ја преземала и државата, економијата, рече во интервјуто, меѓу другото, Ахмети.

Зеколи реагираше и за соопштението од Стејт департментот, во кое вчера беше соопштено дека во 2022 година биле одбиени дури 26,29 отсто од апликациите на македонски државјани кои побарале виза за САД.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи ветува „работна група“, која ќе го решава скандалот со големиот број одбиени за визи за влез во САД. Вели дека се „виновни граѓаните, не знаат да ги пополнат формуларите и ќе ги едуцираат“. Не, батко. Вината е во големиот број фалсификувани пасоши. И користени од трговци, мафијаши, гангстери, пишува Зеколи.

Тој го прашува Османи:

– Кажи ни, Бујар, колку тешко Али Ахмети ја добил визата за влез во САД? И колку часа се потребни, за да се добие дозвола за влез во авионот? А кој друг од вашата партија е одбиен за виза?- прашува Зеколи.