За да се спаси „големиот лидер“ Али Ахмети пак ќе жртвува некој Албанец, вели политичкиот аналитичар Арсим Зеколи, чија објава ја пренесува Информативната агенција на албански јазик (ИНА).

Зеколи во објавата под наслов „Кој ќе биде уапсен од ДУИ“ вели:

– Пред нас е отворањето повеќе предмети од висок профил на трите најголеми партии во земјата. Вклучувајќи ја и Демократската унија за интеграција (ДУИ). За да се спаси „големиот лидер“ Али Ахмети пак ќе жртвува некој Албанец, и онака има будали колку сакаш наоколу, вели Зеколи.

Зеколи во продолжени ена објавата додава:

– Како и секогаш, затворски курбан, жртва (која ќе мора да се жртвува, да се даде, заради привилегираните и недопирливи од Кичево и Тетово), ќе се бара на релацијата Скопје – Куманово. Помина значително време, цела една година, и во овој период Али Ахмети не жртвувал ниеден Албанец, за да си ја спаси својата кариера како „лидер на големите прашања и каузи“. Зошто да не, будали има колку сакаш наоколу… – пишува Зеколи.