Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на земјата и притоа повикал на „американска решителност“ за прекин на повеќе од четиригодишната војна со Русија.
Зеленски рече дека имал „многу добар“ разговор со Трамп за ситуацијата на фронтот.
„Постои реална перспектива за прекин на оваа војна и американската решителност ќе биде клучна“, рече тој.
Зеленски рече дека тој и Трамп се согласиле да „го продолжат разговорот“ на самитот на НАТО во Турција следната недела.
Фото: архива




