Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во ненајавена посета на Холандија каде ќе го посети Меѓународниот кривичен суд, јавија холандските медиуми.

Зеленски синоќа пристигна на аеродромот Амстердам-Шипхол од Хелсинки, каде присуствуваше на самитот на нордиските земји.

Претседателот на Украина денеска треба да го посети Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Планирана е средба со холандски парламентарци, како и состанок со холандскиот премиер Марк Руте.