Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија има доволно залихи на проектили за да изврши уште неколку големи напади врз Украина, јавува Анадолија.

Зеленски изутринава и се обрати на нацијата во видео-порака споделена на неговиот профил на Телеграм, коментирајќи го ракетниот напад на руските сили врз важните инфраструктури на Украина.

– Повеќе од 40 терористички ракети се уништени во централните региони на земјата и во близина на Киев, рече Зеленски.

Тој соопшти дека тројца цивили загинале, а десетмина се повредени како резултат на проектил кој погодил куќа во градот Криви Рих.

Наведувајќи дека поради нападот дошло до прекин на струја во 14 региони, Зеленски рече дека во Киев и околните градови е прекинато водоснабдувањето.

Тој ги повика меѓународните партнери да и снабдат на Украина системи за противвоздушна одбрана.