Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и „духот на Украина“ се прогласени за личност на годината за 2022 според изборот на магазинот Тајм.

– Без разлика дали битката за Украина нè исполнува со надеж или страв, Володимир Зеленски го раздвижи светот на начин каков што не сме го виделе со децении. Во неделите откако руските бомби почнаа да паѓаат на 24 февруари, неговата одлука да не избега од Киев, туку да остане и собере поддршка беше судбоносна, наведува Тајм.

Како што рече уредникот на Тајм, изборот на Зеленски бил јасен.

– Од неговата прва објава од 40 секунди на Инстаграм на 25 февруари – покажувајќи го неговиот кабинет и граѓанското општество недопрени и на место – до секојдневните говори одржани од далечина во домови како Парламентот, Светската банка и Греми наградите, украинскиот претседател беше насекаде. Неговата информациона офанзива го смени геополитичкиот временски систем, предизвикувајќи бран на акции што го зафати светот, се наведува од уредникот.

Духот на Украина, се додава, беше отелотворен од безброј поединци внатре и надвор од земјата кои придонесоа во борбата против окупаторите.

За личност на година Зеленски пред неколку дена беше избран и од Фајненше тајмс:

– Украинскиот претседател Зеленски стана водечкиот борд на демократскиот свет во глобалната борба протиов авторитаризмот што може да го дефинира текот на овој век, се наведува во оценката на Фајненшл тајмс, со која тој се прогласува за личност на годината.

Овие одличја за украинскиот претседател во многу нешта наликуваат на промоциите на бившиот македонски премиер Зоран Заев, во периодот кога го менуваше уставното име на Република Македонија, за кое претходно се колнеше дека никогаш нема да се случи.

Тоа е периодот кога Македонија под водство на Заев го смени уставното име на Република Македонија, што беше преседан во историјата држава под притисок да си го смени името.

За тоа „херојство на Заев“, кој се колнеше и во „национални жички и во семејни инсталации“ дека никогаш нема да го стори, добиваше високи странски посети и тапкања по рамо.

И како „јаготка на врвот од пудингот“ долг период јавноста во Македонија беше замајувана со кандидирањето на Заев за Нобелова награда.

Како што е познато, Заев не стана нобеловец, а Македонија остана без уставното име и без членство во ЕУ, поради што беше повикот да се мени името.

(Д. Г.)