Земјотрес од 4,5 степни во Грција

/ 13.07.2018

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот јужно од грчкиот остров Крит.

Грчката национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на потресот бил на морското дно јужно од градот Јерапетра.

Како што јави АНА-МПА, само пет минути по овој земјотрес, во истиот регион бил регистриран уште еден потрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер.


Од истата категорија