Норвешкиот дипломат и поранешен министер за надворешни работи, Торвалд Столтенберг, починаа на 87-годишна возраст, според норвешките медиуми. За време на кризата во поранешна Југославија, тој беше специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации.

Торвалд Столтенберг е роден на 8 јули 1931 година во Осло, а во неколку наврати беше министер за надворешни работи и одбрана на таа земја.

Тој беше и висок комесар за бегалци на ООН, а за време на војната во Босна и Херцеговина беше специјален претставник на генералниот секретар на ОН.

Во мај 1993 година тој беше копретседавач на Меѓународната конференција за поранешна Југославија. Заедно со американскиот амбасадор Питер Галбрајт, тој беше претставник на меѓународната заедница при потпишувањето на Ердутскиот договор во 1885 година.

Дипломатска кариера ја започна во Сан Франциско во 1958 година, а следната година Столтенберг беше префрлен во Амбасадата на Норвешка во Белград, каде во два наврата помина вкупно седум години.

Пред три години тој беше прогласен за почесен граѓанин на Белград.

Тој имаше две ќерки – Камил и Нин и синот Јенс, кој во моментов работи како генерален секретар на НАТО.