Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтерова скала доцна попладнево е регистриран во Бугарија.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 120 километри јужно од Софија, соопшти Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за евентуално повредени лица и причинета материјална штета.