Силен земјотрес вечерва ја потресе Босна и Херцеговина.

Според првите информации, јачината е 5,8, а епицентарот бил во Љубиње. Земјотресот погоди многу градови во Босна и Херцеговина.

Од силината на земјотресот се се тресело речиси една минута, а граѓаните кои живеат на горните катови известуваат дека работите паѓале врз нив.

Земјотресотн се почувствувал со голема јачина и во Србија и Црна Гора, а на социјалните мрежи, низа скопјани јавуваат дека почувствувале потрес во времето кпога се случил земјотресот во БиХ.

Засега нема поконкретни информации за штети и евентуално повредени.