Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Преспанскиот регион.
Земјотресот е почувствуван во 18:45 часот, а епицентарот е на 4 километри од ресенското село Грнчари во Преспанскиот регион.
Засега нема подетални информации за евентуални последици од потресот.