Повеќе од 500 планирани се наоѓаат блокирани на вулканот Ринџани на индонезискиот остров Ломбок, по силниот земјотрес што вчера го погоди регионот, при што загинаа 16 лица и беа уништени стотина куќи.
Земјотресот со интензитет од 6,4 степени предизвикал лизгање на земјиштето што го затрупа патот кој води до вулканот.
Се работи за вториот најголем вулкан во Индонезија кој е популарна планинарска дестинација поради прекрасната глетка од врвот.
Индонезиските спасувачки екипи користат хеликоптери за да ги евакуираат планинарите, но се очекува нивното извлекување да трае најмалку до утре.