СДСМ, пред изборите напролет, се засекира за заштита на македонскиот идентитет, за што сведочи и фото репортажата од жените на СДСМ, заедно со американската амбасадорка Анџела Агелер, министерки од партијата, како и со Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски,  за „заштитата на македонскиот идентитет“ на Кокино.

– Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска: Со пешачката тура „Кокино – Поглед кон Бесконечноста“, го истраживме најголемото историско богатство и најсофистицираната природна убавина во Старо Нагоричане и Кокино. Ова не е само приказна на македонската историја, туку и на идентитетот на нашата земја, заснована на трајни вредности, а поддржана од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на САД, се истакнува во објавата на официјалниот профил на СДСМ на Фејсбук.

Во прилогот се објавува богата фоторепортажа и се додава:

– Отсекогаш, Старо Нагоричане и Кокино, биле и ќе бидат вековен израз на трајни вредности, нашето културно наследство и идентитет. Благодарам на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и нејзиниот тим за несекојдневното искуство, се вели во објавата.

Инаку, во двата мандата на владеење на СДСМ, познато е дека „го гребеше Сонцето од Кутлеш и античката историја“, како и „бугарскиот фашистички окупатор“ од споменици од НОБ во Струмица.

(Д. Г.)