Американската глумица Кели Престон почина на 57-годишна возраст, по двегодишна борба со ракот на дојка. Жалната вест на интернет ја соопшти нејзиниот сопруг Џон Траволта.

Тие двајцата еден покрај друг глумеа во филмот „Бојно поле: Земја“ (Battlefield Earth), од 2000 година.

Заедно имаа три деца – Ела (20), Бенџамин (девет) и синот Џет, кој почина во 2009 година.

Кели Престон е најпозната по филмовите „Џери Макгваер“ со Том Круз (1996), „За љубовта кон играта“ со Кевин Костнер (1999), и „Близнаци“ (1988), каде што ја глумеше девојката на Арнолд Шварценегер. Таа се појави и во спотот за песната „She Will Be Loved“ на групата „Марун 5“ од 2004 година.