Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои нема активни, еден е под контрола, а 23 се изгаснати, соопшти ЦУК.
Се уште гори само кај село Белица и м.в. Кајорец кон Јасен каде што е зафтена нискостеблеста и мешана шума, но пожарот е под контрола.




