Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе ја преземе функцијата селектор на Франција на 1 септември.

Според „Л’Екип“, 1 септември е избран како датум за потпишување договори меѓу Зидан и неговиот тренерски штаб во документите разменети меѓу двете страни.

Медиумските извештаи претходно посочија дека страните планирале да потпишат четиригодишен договор во јули. Под негово водство, се очекува француската репрезентација да се натпреварува на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година.

Во вторник, Франција загуби со 2:0 од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство во 2026 година. Француската репрезентација вечер ќе го игра натпреварот за третото место против Англија, што ќе биде нивен последен под водство на Дидие Дешан.

Натпреварот Франција – Англија ќе започне во 23 часот по македонско време.