Ледено невреме ја зафати источна Австралија, со снег во подрачјата на северниот дел од земјата, па дури и суптропскиот Квинсленд.

Австралиското биро за метеорологија соопшти дека станува збор за ретка глетка, истакнувајќи дека во државата немало позначителни врнежи од снег од 2015 година.

Издадени се предупредувања за лоши временски услови кои се однесуваат и за подрачјето околу брегот во должина од илјада километри, вклучувајќи го и Сиднеј.

Се апелира жителите да останат во затворен простор поради силни дождови и ветрови.

Метеорологот Лахлан Стоун изјави за Би-Би-Си дека снегот во Квинсленд, носен со ладен воздух од југ, е необичен настан во држава со суптропска до тропска клима.

Властите соопштуваат дека снегот паднал во близина на градот Стенторп, 220 километри југозападно од Бризбејн.

– Во градот е регистрирана ниска температура, рече Стоун.

Пет сантиметри снег го покрија подрачјето на Плава планина, западно од Сиднеј, што доведе до затворање на патиштата и предупредување да не се оди на патување.

Бирото за временски прилики соопшти дека силните ветрови покрај брегот на Њу Саут Велс дувале преку 90 километри на час.

Превозот со траекти во сиднејското пристаниште е прекинат поради лошите временски услови.

Во Австралија во јуни почнува зимата, а претходното лето беше едно од најтоплите.