Повеќе од 40 лица загинаа, а најмалку 20 се повредени во автобус кој изгоре во Зимбабве, соопшти полицијата.

Меѓу повредените има лица со тешки изгореници, а властите сè уште немаат детали за причините за пожарот.

Несреќата се случи на околу 550 километри од Хараре, додека автобусот се движел кон Јужноафриканската Република.