На 13.10.2018 година во 22 часот на клучката Миравци, полициски службеници запреле патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од село Трубарево, скопско. По запирањето, возачот Д.Б. почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран, кои биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесен соодветна кривична пријава.