Научници тврдат дека малите антитела пронајдени во алпаките можат да го потиснат ширењето на вториот бран на коронавирусот.

Истражувачи од Шведска и Јужна Африка користеле нанотела од алпака, која била заштитена од коронавирусот, за да спречат вирусот да се врзе за човечки организам и да го зарази.

Ова функционира така што нанотелата, кои се наоѓаат во алпаката влијаат на „врвовите“ на коронавирусот и со тоа директно ја оневозможуваат неговата способност да го заразат домаќинот.

Нанотелите од алпака, како што велат научниците, „силно го потиснуваат вирусот“, и бидејќи тие се ефтини и лесни за дуплирање, тие можат да станат многу ефикасни и широко распространети.

Овие честички (нано-тела) се дури десет пати помали од антитела, а првото антитело вака направено се нарекува Ty1, по Тајсон, првата алпака која е имузирана.