Златко АНЧЕВСКИ

Утре ќе протестираме:

– затоа што ни ставија клуч да не свириме уште од март!

– затоа што пуштија се да работи, само свадбите и организираните приватни настани – не!
– затоа што тоа што дозволија еден месец да работиме (да свириме, т.е. настапуваме) беше со сила и едвај, без никакви шанси за успех на сето тоа и ви бодевме очи гледајќи како на секој начин пак да не сопрете!

– затоа што ние не свириме на свадби седум месеци, а свадби се организираат истите тие 7 месеци!

– затоа што концертите со по 500, 600, 700 или 1000 луге не се проблем, а проблем се свадбите со по 100-150 луѓе!
– затоа што сите ние седевме дома и не свиревме и работевме почитувајќи мерки, уредби од влада и протоколи, но и кога свиревме истите тие мерки и протоколи ги почитувавме а одреден мал број не ги поцитуваа и беа неказнети!
– затоа што корона нема само на музика, туку има и во Собрание и на пазарче и во автобус и во конфекции и во фабрики и во аптеки и во банки итн итн итн!
– затоа што сега пак ќе седиме дома и ке ги почитуваме вашите мерки, уредби од Владата и протоколите, а одреден мал број повторно нема да ги почитуваат и ќе продолжат да си работат без проблем!

– затоа што сите тие што ги прекршуваа вашите мерки, протоколи и уредби од Владата „МОШ“ се казнети, а „МОШ“ и не!

– затоа што сме под клуч да не работиме 7 месеци, а одвоивте МИЗЕРНИ по 29 000 денари за музичар за само 60 музичари (музички артисти)!
– затоа што тие што почитуваа и седеа дома пак ќе седат дома и ќе почитуваат, а останатите повторно ќе си работат и ќе си узивкаат!

– затоа што заради 15-20 неодговорни и несовесни локали, ресторани, кафани кафичи итн итн не казнувате СИТЕ!
– затоа што Венко Филипче не испрати сите музичари на Инфективна клиника да ги видиме болните, а немаше храброст и доблест да ги испрати тие што не ги почитуваа протоколите и уредбите (не стави во ист кош сите)!
– затоа што Зоран Заев на инагурацијата на министрите се поздрави и потенцирам (се изгушка) со сите министри, тоа се луѓе од различни фамилии, а има проблем на свадба со луге од ИСТИ ФАМИЛИИ да играат оро фатени за рака!
– затоа што како што велите вие!