Американските таблоиди пишуваат за новата холивудска двојка, Бред Пит наводно е во врска со оскаровката Шарлиз Терон. Медиумите пишуваат дека нив ги запознал поранешниот свршеник на Терон, актерот Шон Пен.

Пит и Шарлиз биле видени заедно на прикажувањето на филмот „Рома“ минатиот викенд во дворецот Мармонт во западен Холивуд.

„Беа многу блиски, цело време неговата рака беше на нејзиниот грб. Изгледаа многу среќно. Се гледаат веќе еден месец. Пријатели се некое време, а ги запозна, иронично, Шон, но работите се одвивале во друга насока“, рекол извор за „Сан“.

Бред Пит претходно беше во брак со Анџелина Џоли со која има пет деца, а Шарлиз Терон има две посвоени деца.