50 години гордо го докажуваме делото и пораката на нашиот патрон, големата Марија Кири Склодовска, двојна нобеловка во областа на природните науки, физиката и хемијата. Таа храбро ја одбрала љубопитноста, желбата да истражува, да ги дознае тајните на природата, да ги скроти природните феномени, да го искористи потенцијалот на хемијата и другите природни науки за доброто на човештвото.

Средното стручно училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ ќе обезбеди средина и услови за идните средношколци, кои ќе истражуваат, ќе експериментираат, ќе пронаоѓаат…

Наставниците, стручните соработници и раководната служба ќе дадат поддршка во реализирањето на потенцијалите на идните ученици. Наша и чест и гордост ќе биде успехот на учениците.

Идните средношколци да одберат средно стручно образование, да бидат квалификувани професионалци, како:
• Хемиски лабораториски техничар
• Техничар за козметички и хемиски производи
• Техничар за заштита на животна средина
• Техничар за очна оптика
• Фармацевтски техничар
• Медицински лабораториско – санитарен техничар
• Болничар – негувател

Им ги испраќаме следните пораки:
– Бидете свои, почитувани, храбри и одважни. Изградете се во млади луѓе кои знаат како да го искористат својот потенцијал и ќе бидат успешни во професијата и животот.
– Ликот и делото на Марија Кири Склодовска е синоним за храброст и истрајност во светот на науката. Бидете храбри, бидете Кири!

Наставниците, стручните соработници и раководната служба
на македонски наставен јазик