Бројот на Палестинци убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа се искачи на 6.547, соопштија здравствените власти во Газа, кои се под контрола на Хамас.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) утрово дополнително извести дека 68 отсто од жртвите се деца и жени, цитирајќи податоци од агенцијата контролирана од Хамас.

Околу 1.600 луѓе во Газа се сметаат за исчезнати.

ДПА нагласува дека бројките не можат да се потврдат независно.

Израелската армија соопшти дека подготвува копнена офанзива во Газа.

Терористите кои дејствуваат во име на Хамас, кој го контролира Појасот Газа, масакрираа цивили во Израел на 7 октомври. Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени кога вооружени милитанти на Хамас организираа прекугранични напади.

Според израелската армија, најмалку 222 други лица биле насилно однесени во Појасот Газа.

Досега се ослободени четворица заложници. Хамас вели дека нема да ослободи повеќе заложници додека Израел не дозволи испорака на гориво и лекови во Појасот Газа.

Фото: ЕПА