Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека ја потврдил смртта на 57 новинари и медиумски работници од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Ажурираниот биланс на загинати, објавен вчера, доаѓа откако организацијата за застапување на слободата на медиумите ја потврди смртта на четворица палестински новинари во текот на викендот.

Според Комитетот, бројот на загинати вклучува 50 Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци, додека 19 новинари се исто така уапсени.

Комиетот соопшти дека истражува бројни непотврдени извештаи за други новинари кои биле убиени, приведени, повредени или загрозени.

-Комитетот за заштита на нлвинарите нагласува дека новинарите се цивили кои вршат важна работа во време на криза и не смеат да бидат цел на завојуваните страни, рече Шериф Мансур, програмски координатор на CPJ за Блискиот Исток и Северна Африка.

фото: МИА архива/Пиксабеј