Јелена ЖУГИЌ

Петре Шилегов, три години ги маткаш скопјани, после предизборните спотови со децата од Златно славејче на тема- Универзална сала бренд и приоритет за изградба во твојата програма, потпишавте Меморандум за соработа со раста министер култура, па долго време си ја префрлавте топката кој ќе гради, оти нели излезе Град Скопје нема пари, па ја префрлавте изградбата на Министерство за култура, па тоа се произнесе дека нема предвидено буџет за таа намена, па добивте пари од Владата за реконструкција, чинам 30 милиони денари… па лично ти Петре изјави како одговор на мое советничко прашање, мислам октомври 2019, дека до декември 2019 ќе ги информираш официјално граѓаните дали ќе се реновира и реконструира или ќе градите нов објект…
Јули 2020 протнуваш информација за парк и летна сцена на најубавата локација за сала од тој тип, а Градскиот парк е во непосредна близина!? При тоа никаков детал каде и кога ќе биде новиот објект на Универзална сала, оти дури сега ќе почнете дебати за локација на концертната сала…
Во меѓувреме луѓето кои се вработени во културната институција под Град Скопје, Универзална сала, се безбедносно загрозени со секое одење на работа, оти објектот се распаѓа (за вработените ќе адаптиравте спрат од библиотеката Браќа Миладиновци!?).
Просек буџет кој секоја година Град Скопје го доделува на Универзална иако нема скоро никаква културна активност е 13 милиони денари годишно!?
-Чисто за споредба, со 3 милиони денари во Театар Комедија сум продуцирала три премиери кои полнеле сали и биле профитабилни! Него, “живеј”, ти Петре ќе си заминеш и ќе дојде друг градоначалник кој тоа што ќе го вети во предизборната кампања тоа и ќе го исполни.