Звонко ДИМОСКИ

Стотици години наназад се договараат и упорно се трудат со секакви методи, да не избришат нас Македонците од лицето на земјата, големите светски сили, лопови и негатори на историската вистина.

Но најжално е што тука денес кај нас, па и во изминативе три децении, несебично им помагаат во тоа за дебели пари и моќ, нашите домашни партиски и политички предавници, без исклучок, во спрега со албанските терористи, и се во името на некаков си “подобар живот”, во некаква си никаква и осакатена европска унија, која е толку блиску, а сепак недостижна (и непожелна) за нас Македонците и се додека постоиме, поради тоа што крвта ни е заразена со генот на нашите претци Филип и Александар Македонски и останатите македонски кралеви пред и после нив.

Тоа е таа вистина која идиотите сакаат да ја снема, да направат да се избрише, но нема да можат да го сторат тоа, се додека постои и само еден жив Македонец.. Но и покрај тоа што се намерачиле да не снема, никогаш не успеале и никогаш нема ни да успеат да го уништат она неуништливото.. Зашто духот не можеш да го уништиш, зошто тој е неуништлива категорија а уште пак помалку можат да го уништат Македонскиот дух. Зашто во него е вградена и натрупана меморијата која била вградувана со векови во генот на нашите претци, ген благословен од Господа, ген кој се пренесувал на нивните поколенија, ген кој од нивните поколенија се пренесол на нас, кои пак денес сме дел од нивните поколенија.

Ете таа Македонска меморија, која е втисната од Бога во нас уште пред нашето раѓање, не може да биде избришана. “Мислата”, која е производ на таа меморија не може никогаш да се избрише. Чувството дека сме Македонци, што сме го наследилe од таа меморија, не може да се избрише, па колку и да сакаат да го избришат…

А за нивна несреќа, тоа чувство дека јас, ти, ние, вие и сите раселени по светот од овие простори сме МАКЕДОНЦИ, станува уште појако со секој нивен обид да го избришат. Ете токму поради тоа, јас сум горд на самиот себеси поради тоа што секому во очи можам да му кажам:

Јас сум Македонец од Македонија, драги мои браќа и сестри Македонци и Македонки и горд сум да кажам дека доаѓам од МАКЕДОНИЈА, земја која е и тоа како е богата со античка историја и со античка вистина за неа…

Ете токму поради тоа сум сигурен дека нашата Македонија ќе биде тука и кога нас ќе не нема и ќе биде тука баш како МАКЕДОНИЈА и ќе биде тука како држава на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и ќе биде без придавки и без додавки, зашто времето ќе го направи своето, се ќе исчезне и ќе падне во заборав, само Македонија ќе биде тука и ќе раскажува за нејзината борба низ вековите кои останале зад неа. а

Се се менува и ќе се смени, само нашата МАКЕДОНИЈА ќе остане онаа старата библиска земја благословена од севишниот.