Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека ги искористила сите можни средства што ѝ стоеле на располагање во обид да го спречи избувнувањето на руско-украинската војна.

– Искористив сѐ што ми беше на располагање за да се обидам да спречам да се случи оваа ситуација, рече Меркел, пренесуваат агенциите.

Таа оцени дека за решавање на воените конфликти е неопходна дипломатија.

– Многу сум загрижена за Украина, рече Меркел.