Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Европското ракометно првенство во Германија, откако вечерва во натпреварот за третото место во Келн го совлада домаќинот со 34-31 (18-12).

На денешниот меч за третото место Германија имаше водство само од 2-1, потоа Шведска ја презема предноста и ја држеше до крајот на мечот. На полувремето беше 18-12.

До крајот на мечот Германија успеа само да се избори за пристоен пораз, го намали водството на Шведска, но не беше блиску до пресврт. Конечниот резултат беше 34-31.

Клар со осум голови беше најдобар во составот на Шведска, кај Германците толку погодоци даде Ушинс.