Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 август

Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица

Празников е востановен во спомен на чудесното исцелување на византиската царица Зое, сопругата на Лав Мудриот, со посредство на појасот на Богородица што се чуваше до тоа време во Богородичната црква во Влахерна, Цариград. Подоцна, еден дел од овој појас беше пренесен во Грузија, во градот Зугдид, каде се чува до денес.

Имено, Зое во сонот имала видение дека ќе оздрави од тешката болест, ако врз неа биде положен појасот на Пресвета Богородица. Тоа било и направено, појасот врз неа го положил самиот патријарх по што таа веднаш оздравела. Потоа појасот пак со многу внимание бил положен во истиот ковчег. За спомен на ова чудо во врска со оздравувањето на болната царица во X век е востановен овој празник.
Меѓу нашиот народ овој ден се смета за празник но тогаш сите работеле. Пред изгрејсонце болните деца ги провирале низ Богородичниот појас што се чувал во црквата. Ова провирање го правеле под калинка.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Иван Златоуст.

Бил роден во Антиохија во 349 година. Живеел аскетски живот и кога станал свештеник успешно ја вршел проповедничката служба. Во 397 година бил избран за цариградски бискуп. Обземен со омраза кон царскиот дворец бил приниден двапати да оди во заробеништво. Царицата Еудоксија која ја предупредил дека треба да ги почитува правата на сиромашните, му се заканила со смрт. Свети Иван и рекол: “Освен од гревовите, од ништо не се плашам на овој свет”. Поради големите прогонствата, умрел во 407 година. Бил извонреден говорник и затоа го нарекувале Златоуст.