Во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на ковид-19, оздравени се 433 пациенти и регистрирани се осум починати лица, информира Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, регистрирани се нови заболени во Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес – по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 433 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица, од кои четири починати од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), три починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620, од кои во Скопје 2.739 лица.