Меѓу починатите од Ковид 19 во изманите 24 часа се наоѓа 25 годишно лице од Демир Капија.

Нема информации каде починало ова лице, како што нема информации ни за тоа што се случило со него.

Во вакви ситуации, кога меѓу жртвите ќе се најдеше и младо лице, Министерството за здравство обично подоцна дообјаснуваше (или тоа го правеше самиот Филипче) дека станувало збор за пациент донесен во тешка состојба, дека имал тешки коморбидитети и сл.

Таа класика се очекува и овој пат.