На петгодишната од 27 прил 2017 година, кога демонстрантите од „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието за што подоцна, некои од нив, добија вкупно над 180 години затвор, актуелен е протестот пред затворите во Штип и Прилеп каде лежат незаконски осудените.

Се заборава, меѓутоа, дека вистинските виновници за настаните се луѓето од оваа фотографија кои извршија пуч, кога по затворањето на седницата од страна на претседавачот Трајко Вељановски во 18,01 часот, неделовнички, во стилот на „Див запад“ го назначија Талат Џафери за претседател на Собранието. Ова се луѓето кои требаше и треба да одговараат за извршениот пуч, како и за се што потоа следуваше, бидејќи пучот беше причина демонстрантите да влезат внатре (пратеничкиот имунитет не ги штити од овој криминал).

На никој од овие лица денес не му фали ни влакно од главата, а многумина од нив во меѓувреме, користејќи ја власта станаа милионери. Влакно од главата не и фали на обвинителката Рускоска, ни на судијката Кацарска, за тие од Апелациониот суд и да не зборуваме, иако сите улествуваа во измислен прицес, со цел да с епоркие вистинскиот „тероризам“ на овие од фотографијата. .

Сосема е друга приказната кој ги намести луѓето и по чиј налог Крсто Мукоски ја отвори вратта од Собранието. Тие луѓе кои стојат зад ова, заедно со Мукоски, требаше и треба да одговараат заедно со овие од фотографијата, бидејќи амнестијата на Мукоски и на другите кои влегоа во игрите на Заев е невалидна, со оглед на тоа што е последица на паразлук и може да се поништи, ама без око никому да трепне.

Песнопојците кои стојат од страна на оваа фотографија и мирно гледаат како се случува пучот, се друга приказна.