Љубомир ЃУРЧЕВСКИ

Јас лично во целост ги поддржувам сите барања на работниците, наставниците, администрацијата и сите кои најавуваат или се во штрајк.

Ова го велам од проста причина што сите параметри опфатени во Буџетот во делот за плати, социјална заштита, пензии ими доволно пари за да без ребаланс може да се обезбеди за сите зголемување од минимум уште за 20 до 25%.

Кога ова го велам ги имам во предвид злоупотребите на буџетските средства особено со јавните набавки. Тамо според сите основани сомненија на непознат начин од Буџетот се крадат-злоупотребуваат над 600 милиони евра на годишно ниво.

Во свој извештај за 2016 година релевантни меѓународни организации како и експерти од невладините организации во РМ посочуваат дека секоја година на непознат начин од Буџетот се испумпуваат 430 милиони евра. Тие пари во основа се 20 до 25% од вкупната сума пари предвидена во Буџетот за плати, пензии и социјална заштита.

Оние 430 милиони од 2016 година сега надминуваат над 600 милиони.

Ако се превземаат дејствија да се сопре само оваа злоупотреба од функционерите на Власт по сите ешалони, тогаш е сосема јасно дека пари има за се.

Мора да се има во предвид дека РМ нема валиден извештај каде се потрошени 920 милиони евра заем земен во време на Ковид кризата во 2020 година.

Затоа го повикувам Државниот завод за ревизија да направи јасна и целосно транспарентна ревизија во која како надворешни експерти да учествуваат професори од економските факултети.

Токму оттука Владата мора да сфати дека таа е најголем виновник што има штрајкови особено оној на СОНК, а не да ги мешаат и злоупотребуваат децата во политички цели.

Дојде време кога народот ќе мора насила да расчисти со оваа насилна и криминогена власт.

Исто ги повикувам пратениците да побараат јавен отчет за реализација и трошење на Буџетите за 2020 у 2021 година.