На објектот на ОВР Радовиш извршени се повеќе градежно-занаетчиските работи и тоа: комплетна санација на кровна конструкција, заменети се старите врати и прозори со нови, извршена е промена на санитарните јазли, поставен е нов ламинат во канцелариите, изработена е нова термоизолациона фасада, поставена е рампа за хендикепирани лица.

Ова вечерва го соопштија на официјалните профили на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и МВР:

– На целиот објект е поставена нова електрична инсталација, како и видео надзор на објектот и направена е корекција на инсталацијата за парно греење, со што се создадоа услови за одвојување од заедничкиот систем за греење со Општината Радовиш. Горд сум што како раководство на МВР, од 2017 година наваму во континуитет покажуваме дека со добра стратешка поставеност можеме да ги надминеме сите претходни негативни состојби, за што денес можеме да се пофалиме дека овозможивме реконструкција на вкупно 73 објекти на Министерството на територијата на целата држава и не застануваме тука, објавија Спасовски и МВР.

Граѓаните му честитаат и очекуваат Спасовски да открие и кои се ограбувачите на полицискиот магацин со оружје во Охрид, како и кражбата на масло од марихуана во вредност од над два милиона евра.