Почитувани,

Зоран Заев продолжува со своите постапки да го понижува Македонецот, го смета за недоветен сам да процени, па и уште вели нема да кажам што ќе менувам во Уставот, непријатно ќе биде, ќе влијае на референдумот!

Зоране Заев, Македонецот мора да знае за што го бараш неговото присуство на референдум? Зоране Заев, Македонецот мора да знае што подготвуваш преку промена на Уставот, како ќе го избришеш неговото минато, неговите лични документи, неговото наследство.

Зоране Заев, немој да се криеш од Македонецот и да криеш од него што планираш преку уставните измени Македонија да ја претвориш во вештачка држава со вештачка нација, без историја без традиција, нација без корен и нација без сонародници во соседството. Затоа што тоа се уставните измени, преку измените во Преамбулата членот 3 и членот 49 или што уште се наведуваш.

Почитувани,

Зоран Заев неброен број пати го навреди Македонецот. Лажеше дека нема промена на Устав, па лажеше дека тоа е само за предлогот Илинденска, сега бесрамно признава дека нема поддршка кај народот и тргна во отворен поткуп, за сега да не кажува ШТО и КАКО ќе се менува, затоа што тоа ќе било непријатно и ќе ВЛИЈАЕЛО врз излезеноста на нему потребниот референдум. Како да неговиот маркетинг не влијае врз излезеноста и не бара да биде поголема.

Па Зоране Заев еднаш биди маж, кажи што тоа непријатно подготвуваш што се плашиш дека дополнително ќе ти ја намали поддршката?

Доста го потценуваш и омаловажуваш македонскиот народ. Ти не си државата, ти не си Република Македонија. Македонскиот народ е суверенот на Република Македонија.

Зоране Заев, кукавица си да излезеш на мегдан со Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на опозицијата. Кукавица си да ја кажеш вистината пред граѓаните. Само кукавиците не можат да се соочат со вистината, а ниту со правдата, по цена и на дедовината и на децата и на воздухот. Зоране Заев со овој срам кој што го нанесуваш на Република Македонија ќе треба да продолжиш да живееш меѓу Македонците меѓу своето семејство, меѓу својот народ. Биди еднаш достоинствен, соочи се со вистината.