Цели 11 години додека ВМРО-ДПМНЕ криминално и расипнички ги трошеше парите на граѓаните земјоделството беше во колапс, хаос и безредие а земјоделците беа понижувани малтретирани и уценувани.

За разлика од таквиот потценувачки однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство градат партнерски однос со земјоделците и сите наследени и настанати проблеми ги решаваат во интерес на земјоделците.

Залудно ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки случаи преку кои ја вознемирува јавноста, откупот на јаболка тече и се одвива непречено.

Новата субвенција за предадени јаболка е донесена по бројни средби со земјоделците и откупувачите на јаболка, со цел да им се излезе в пресрет на производителите на јаболка, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди, особено во Преспанскиот регион.

Три денари субвенција за килограм индустриски јаболка е само дел од пакетот мерки наменети за овоштарите и производителите од Преспанскиот регион.

Ресорното министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, останува посветено на заложбите обезбедување повеќе пари кај секој земјоделец.

Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на земјоделството и подобар животен стандард за сите земјоделци.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА СДСМ