Денеска времето во целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Попладне врнежите ќе престанувааат, а до крајот на денот облачноста ќе се намали.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово -1, Охрид, Берово и Битола 4, Кавадарци 8, Крива Паланка 3 и Дојран 11 Целзиусови степени.

Утре времето че биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 11, Маврово 2, Охрид 7, Битола 10, Кавадарци 12, Крива Паланка 8, Берово 7, Дојран 15 степени.