Мечка синоќа била снимена на патот кон охридското село Куратица, а снимката е поставена на Јутјуб.

Видеото на Јутјуб е поставено од Горан Ангелоски. Мечката која се гледа на снимката како бега по патот е снимена, како што тврдат, синоќа од автомобил во движење.