Советот на албанските амбасадори, форум составен од познати амбасадори и интелектуалци, денес се обрати со соопштение до јавноста по одлуката на Советот на министрите на ЕУ при што побара „сериозност од сите политички сили, особено од Владата“.
Слично како и во Македонија и во Албанија има различна перспектива на тоа што всушност реши Брисел да им даде на Албанија и нејзиниот сосед во однос на аспирациите за членство.
Советот истакнува дека „јавноста мора да биде вистински информирана“ затоа што „јуни 20129 година не е станица, одредена од ЕК, од која автоматски ќе почнат преговори за членство“, пренесуваат албански медиуми.
Форумот на амбасадори и интелектуалци посочува дека е добро што е најдено средно решение помеќу ЕК и Европскиот совет со што „ЕС се согласува позитивно да одговори на предлогот за отворање преговори за членство со Албанија.
„Ова без дилеми е добра вест за сите Албанци кои ја гледаат нивната земја чекор поблиску до отворање преговри за интеграција со ЕУ. Но, не е предвидено автоматски почеток на преговори во јуни 2019. Ја повикуваме целата политичка класа, особено Владата, сериозно да го прочитаат документот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и за тоа да ја информираат јавноста. Добра вест е што вгодина нема да има потреба од нова препорака од Европската комисија, и ова е чекор напред во овој мал процес, но има значење кое треба да се земе. Конечната одлука е на Европскиот совет“, се истакнува во соопштението.
Притоа се потсетува дека иако нема нови услови за Албанијам сепак, земјата ги нема исполнети ни старите, а времето од една година брзо ќе измине и затоа треба нешто супштински да се направим наместо да се влегува во празна реторика.